about our company
our services
clients
learn more
contact us
 
 
 
 

1. Шпедиција

- Увозно царинење
Стручни и лиценцирани царински посредници со своето долгодишно искуство во областа на увозното царинење во секој момент Ви се достапни за консултации за увозно царинење, секаков вид на логистичка консултација како и финален преглед и подготовка на целокупната потребна документација за финално увозно царинење на Вашите стоки. Брзо и доверливо царинење на Вашите пратки е приоритетна цел на Нашиот кадар, со конечен резултат – задоволни коминтенти.

- Извозно царинење
Извозот како битен сегмент за коминтентите никогаш не би бил успешен доколку не е поддржан од уредно подготвена документација од страна на Вашиот матичен шпедитер. Подготовката на документацијата за извозот се врши со претходен внимателен преглед од страна на лиценцирани шпедитери чија основна цел е успешно, квалитетно и се разбира брзо извозно царинење на Вашите пратки.

- Реекспорт
Продажбата на неоцаринета стока донесена во Македонија од странски извозник за македонска фирма на странски купувач се изведува со постапка за транзит на стока која исто како и увозното/извозното царинење одзема и бара обработка на документација од страна на искусен и ефикасен кадар за ваков вид на царинска постапка, а ние како фирма која успешно работи повеќе години Ви го пружаме истото.

- Транзит
Со својата ефикасност при работење лесно го извршуваме преносот на стока од една Ц.И. до друга Ц.И. во рамките на територијата на Р.М. преку постапка за транзит на стоки. Со оглед на тоа дека на кон сите видови царински постапки пристапуваме со одговорен, брз, доверлив и ефикасен пристап ние сме единствен логичен избор за сите оние кои се грижат за своите пратки.

2.Транспорт

Основен предуслов за успех во индустинските гранки е транспортот на производите до крајната дестинација . Глобално сервисно решение со посредување во авионски , железнички и камионски транспорт на Вашите пратки преку развиена мрежа на соработници ,како и навремени инфомации за позицијата на стоките кои се превезуваат е битен сегмент во Нашето работење финализиран со брз,ефикасен и безбеден пренос на Вашите пратки до крајната дестинација.

3. Пратење на законски промени

Нашите коминтенти се навремено информирани за сите законски промени во царинските процедури како и во транспортот на стоките за непречено извршување на своите дејности.


4. Авионски карго превоз
5. Бродски карго превоз
6
. Магацински простор

 
 
   
 

 






Simax Spedicija Dooel

ПОЧЕТНА | ЗА НАС | УСЛУГИ | КЛИЕНТИ | КОНТАКТ