|
На што треба да се внимава
при увоз на употребувани возила
Со цел да се избегнат непотребни трошоци и проблеми
при увозот на употребувани возила, Царинската управа
препорачува при купување и увоз на употребувано
возило од странство
особено да се внимава на следното:
1. Исполнување на хомологациски услови
Проверка на условите за хомологација пред да се купи
возилото во странство кај овластените тела:
- АМСМ УСЛУГИ ХОМОЛОГАЦИЈА ДОЕЛ Скопје, Инспекциски
места „Скопје-Чаир“ „Велес“ и „Битола“
- МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ од Скопје, Инспекциско место
„Индустриска зона Железара“
- АУТОМАКЕДОНИЈА А.Д. од Скопје, ул. Мито
Хаџивасилев; Инспекциско место „Стакларница“
- КОНФОРМА ДОЕЛ Скопје, бул. Илинден бр. 138 А,
Инспекциско место „ИМ 1-Велес“ „ИМ 2-Радовиш“ и „ИМ
3 -Прилеп“
- АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје, бул.„Александар
Македонски“ 26 б; Инспекциско место АСУЦ „Боро
Петрушевски“
Царинската постапка се спроведува и давачките се
плаќаат пред да се изврши техничкиот преглед за
сообразност со хомологациските услови. Доколку
возилото не ги исполнува
овие услови, увозникот нема да може да го регистрира
возилото и ќе се соочи со големи непотребни трошоци
на враќање на возилото во странство.
2. Изнесување на ефективни странски пари од
Република Македонија
Обезбедување на соодветни потврди пред изнесувањето
на девизи од Република Македонија наменети за
купување на возило.
При изнесување на девизи, ограничувањата се следни:
- до 2000 евра, слободно;
- од 2000 до 10.000 евра, ефективните странски пари
мора да се пријават на царина при изнесување, со
прилагање на потврда од банка или овластена
менувачница;
- изнесувањето на девизи над 10.000 евра не е
дозволено.
3. Потребни документи за спроведување на царинската
постапка:
При царинење на возилото, доколку неопходни се
следните документи:
- оргинална сообраќајна книшка за возилото;
- оргинална фактура, купопродажен договор или,
доколку увозникот подолго време го поседува
возилото, изјава за вредност;
За да може да се утврди царинската вредност,
потребно е да се достават следните минимални
податоци за патнички возила:
- вид
- марка
- модел
- тип на возило
- погонско гориво
- број на врати
- година на производство
- работна зафатнина на моторот
- силина на моторот (киловати или коњски сили)
- ниво на опрема (на пример, ниво на опрема за
ВОЛКСВАГЕН ГОЛФ: comfortline, trendline, highline
и.т.н.)
Кај товарни возила, комбиња, автобуси, камиони,
приколки и полуприколки, покрај погоре наведените,
потребно е да се достават и минимални податоци за:
- број на оски
- меѓуоскино растојание
- сопствена маса
- дозволена носивост
- дозволено оптоварување по оски
- должина/широчина/височина
- вид на кабина (кај комбиња)
4. Проверка на податоците наведени во документите за
купопродажба и другите придружни документи, односно
споредување на бројот на шасија на
возилото со оној наведен во купопродажниот
договор и сообраќајната дозвола при купувањето
Повремено се
случува бројот на шасијата наведен во купопродажниот
договор да се разликува од бројот на шасија на
возилото, што доведува до проблеми при
спроведување на царинската постапка,
постапката на хомологација и при регистрација на
возилото.
5. Употребувани автомобилски гуми
Често се случува
при купување на возило, со возилото да се добие и
втор сет на гуми (зимски/летни). Бидејќи увозот на
употребувани гуми е забранет, вториот сет на
употребувани гуми не смее да се внесе во
Република Македонија.
6. Изнесување на странски регистарски таблички од
Република Македонија
Редовните
регистерски таблички да се изнесуваат од Република
Македонија откако ќе започне царинска постапка.
Доколку се изнесуваат пред започнувањето на
постапката, тоа претставува царински
прекршок.
7. Обезбедување на доказ за потекло - ЕУР-1 или
Изјава во фактура
Доколку возилата се со потекло од земјите членки на
Европска унија и за истите е добиен доказ за потекло
- Уверение за движење ЕУР.1 или Изјава во фактура
тогаш се плаќа намалена
царинска стапка 1% (редовна 5%). (донесен закон,
стапува на сила од денот на објавување во Службен
весник)
8. Царински испостави каде се спроведува постапка на
царинење на возила
Царинењето на употребуваните патнички возила се врши
по месна надлежност, односно според живеалиштето на
увозникот, во следните царински испостави:
- ЦИ Скопје 1 , ул. „Колекторска“ бб, Скопје;
- ЦИ Скопје 2, ул.34 бб, Скопје;
- ЦИ Скопје 3, ул. ,,15ти Корпус,, бр.2, Скопје;
- ЦИ Куманово, магистрален пат М1 делница
Табановце-Куманово, 7 км од Табановце;
- ЦИ Штип, ул. „Брегалничка“ бб Штип;
- ЦИ Гевгелија, граничен премин Богородица;
- ЦИ Битола, „Краварски пат“ бб, Битола.
9. Постапка на царинење на возила
Вообичаено
царинската постапка за употребувани возила се
спроведува на следниот начин:
По доаѓање на граничниот премин, кај овластен
застапник (шпедитер) се подготвува транзитна
декларација со која возилото се упатува на царинење
во внатрешна испостава.
Покрај наплатата на услугата, често шпедицијата бара
да се приложи готовински депозит кој му се враќа на
увозникот по завршувањето на транзитната
постапка во внатрешната испостава.
По пристигањето во внатрешната испостава, започнува
царинска постапка на увоз или складирање, зависно од
потребите на увозникот или начинот на работа на
Царинската испостава. Царинската декларација
ја подготвува со полномошно овластен застапник
(шпедитер).
10. Постапка на царинење на возила кои веќе се
наоѓаат во Република Македонија
Возилата со
странски таблички кои веќе се наоѓаат во Република
Македонија и ги управуваат лица со регулиран престој
во странство, можат да започнат постапка на
царинење без транзитна постапка на граничен
премин, односно можат директно да се јават во
царинските испостави каде се спроведува постапката
на царинење на возила.
11. Рок за завршување на транзитната постапка
Рокот за
завршување на транзитната постапка од граничниот
премин до царинската испостава за царинење
вообичаено е 1 ден.
Непочитувањето на рокот претставува царински
прекршок, за кој е предвидена мандатна казна од 50
евра во денарска противвредност за физичко лице или,
доколку увозник е правно
лице, 50 евра за одговорното лице во правното лице и
250 евра за правно лице.
12. Што е акцизна основица
Акцизна основица е
царинската вредност утврдена согласно царинските
прописи зголемена за износот на царината. Во
царинската вредност се вклучуваат и
транспортните трошоци и трошоците за
осигурување доколку ги има.
|